Мисајловски носител на ИЕ 2: Нашата програма е победничка, а нашиот мотив е поголем од се

Во изборната единица два, носител ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Честа да ја предводам победничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” во изборната единица 2 е огромна.

Ќе настапиме позитивно, патриотски, народно и сеопфатно. Нашата визија за Македонија ќе пристигне секаде, до секого и секој дом. Нашата програма е победничка, а нашиот мотив е поголем од се.

Тоа е програма која ќе донесе промени ! Граѓаните од Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Бутел, Куманово, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Старо Нагоричане, Липково и Арачиново ќе имаат можност да ја видат разликата и да ги воочат промените.
Секој човек кој сака да биде дел од промените е добредојден, заеднички да чекориме кон подобра Македонија.

Време е за победа на Македонија! Време е за победа за сите луѓе! Време e за промени! Почнуваме.
Промените доаѓаат, пишува Мисајловски на Фејсбук.

Претходна вест„Политико“: Босна и Херцеговина ќе добие препорака за почеток на преговорите со ЕУ
Следна вестФирма во доминантна руска сопственост ќе добиела тендер за систем за криптозаштита – единствен критериум бил цената