ВМРО-ДПМНЕ продолжува на терен во повеќе населени места тука во Гази Баба. Ќе разговараме за сите актуелни проблеми и сите теми кои моментално ја тиштат Македонија, а секако се разбира една од главните теми моментално е темата со автопатите со „Бехтел и Енка“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски при теренската посета на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“ во населеното место Стајковци во Гази Баба.
– Наместо да идат во Собрание по регулатива како што е по процедура, во комисиите оние кои што се задолжени да се расправаат законите денеска слушнавме една брука. Слушнавме дека сакаат со Европско знаменце и да нема расправа за овие закони бидејќи со Европско знаменце за два дена треба да поминат и тоа е пљачка на векот, рече Мисајловски
Мисајловски истакна дека сега е моментот и добро е што Европска Унија веднаш кажа дека не е потребно европско знаменце на вакви закони. Тоа не се реформски закони и не смеат да бидат со европско знаменце.
-На сила ако пројдат овие закони тогаш ќе ја видиме најголемата пљачка во историјата на Република Македонија. Затоа сме тука да разговараме со граѓаните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат се од себе да ги спречат овие закони, но и сакаме да има расправа, јавна дебата и да се покаже договорот, но некој ептен го крие овој договор и ептен ја крие позадината. Со овој последен чин и гест ова е срам за Македонија, потенцираше Мисајловски.
Тој заклучи дека сега има задача Европската Унија со делегацијата која што е во Македонија да каже не за овие закони, бидејќи најдобро е тие да идат во матичните комисии и таму да се разговара.