Робот во фабрика за сортирање на зеленчук уби работник, бидејќи не можел да направи разлика од кутијата за храна со која ракувал. Раката на роботот, кој го „помешал“ човекот со кутија со зеленчук, го зграпчила вработениот и го фрлила на подвижна лента, згмечувајќи му го лицето и градите, објави агенцијата Јонхап.
Роботот бил одговорен за подигнување на пакети со пиперки и нивно префрлување на палети.
Претходно оваа година, Јужнокореец на возраст од 50-тина години здоби сериозни повреди, откако беше заробен од робот при извршување на работни обврски во фабрика за производство на автомобилски делови.