Актуелниот претседател на македонското Собрание Јован Митрески планира седница за инаугурација на Гордана Силјановска – Давкова за претседателка на Македонија да ја закаже за 12 мај на пладне. То сега го чека извештајот на ДИК за спроведенит е избори и по што ќе може да ја закаже инаугуративна седница.
Како што информираат од неговиот Кабинет, рокот за да го добие извештајот е до утре (петок) до 19 часот. По ова, Митревски ќе ја закаже седницата на 12 мај (недела) во 12 часот. На седницата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска- Давкова ќе даде свечена изјава од кога го почнува и официјално претседателскиот мандат.
Јован Митрески денеска имаше координација со шефовите на пратеничките групи за утврдување на деталите за седницата за инаугурација на Сиљановска-Давкова.
На 12 мај му истекува мандатот на досегашниот претседател Стево Пендаровски.
Според ДИК, од обработени 99,09 отсто од избирачките места и 99.82 отсто обработени избирачи, за Сиљановска–Давкова гласале 560.173 граѓани. Противкандидатот Стево Пендаровски доби 251.541 глас.