Покрај возбудувањата во ракометната Лига на шампионите, се следат и натпреварите од второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент, Лигата на Европа. Во групата „А“ во следната фаза на едно коло до крајот се пласираа екипите на Рајн Некар Левен (10 бодови) и Нант (осум).
Моментно на третата позиција е Бенфика на Филип Талески со два бодови, а ниту еден Кристијанштад.
Последното шесто коло ќе се одигра на 5 декември, Кристијанштад ќе ја пречека Бенфика, а Нант е домаќин на Рајн Некар Левен.
Големо признание доби македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски која ќе дели правдата на дербито на колото меѓу Нант и Рајн Некар Левен (20.45 часот), гигантите од Франција и Германија се очекува да бидат едни од главните фаворити за титулата оваа сезона.