Мицкоски бара трпение и најавува: Наскоро ќе има ново парламентарно мнозинство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повторно најави и ново парламентарно мнозинство и нови предвремени парламентарни избори.

-Јас не знам колку може да му се верува на Заев, ама знам дека единствено што се гледа од Месечината, покрај Кинескиот ѕид, се нови парламентарни избори во Македонија, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на му на премиерот Зоран Заев кој рече дека избори се можни само во редовниот термин, во 2024 година.

Мицкоски тврди дека се потребни нови избори за државата да добие нова влада, бидејќи актуелната нема мнозинска поддршка.

Исто така, тој денеска уште еднаш кажа дека се крои ново парламентарно мнозинство.

-Бидете трпеливи и многу брзо ќе дознаете кој е во право – јас или Заев, изјави Мицкоски, без да открива други детали.

Претходна вестОбвинителството денеска отвори предмет за „дивата“ докторка во Битола, иако им e пријавено на 12 јануари
Следна вестГореа поткровје и кат на куќа во Тафталиџе 2, за среќа нема повредени