Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево реагира на прес – конференцијата на копретседателите на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија – бугарскиот Ангел Димитров и македонскиот Драги Ѓоргиев – чија што работа заврши неуспешно.
Во објавата на својот профил на Фејсбук, која ја пренесуваме интегрално, тој го наведе следното:
–Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот „македонски“ којшто го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно нѐ убедува дека не преговара за идентитетот и историјата.
Бугарската страна кажува дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво, што во превод би значело дека Заев тргува.
Та нели сѐ беше во главата на вмровците?
Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес.
Заев е проблемот, а народот е одговорот!, напишал Мицковски.