Мицкоски ги повика граѓаните да излезат на протест во среда

Лидерот на ВМРО ДМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во среда, на 9 септември, кој ќе почне од пред Министерството за правда во 18 часот, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика.

„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за кој ќе протестираме“, рече Мицкоски и додаде дека овој протест е прв во низата на протести кои ќе следуваат во следниот период.

 

Мицкоски на денешната прес конференција посочи дека пари има, ама тие не одат кај народот.

„Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо“, рече Мицкоски.

Додаде дека мафија не се руши со една битка, туку со многу битки и труд, а ова, како што рече, е почетокот на нивниот крај.

Претходна вестШестмина починати и 37 новозаразени од Ковид-19
Следна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби до Управниот суд за верификација на мандатите на новите осум пратеници