Мицкоски му пратил на Заев концепт за поевтин Клинички центар, ќе биде ли разгледан?

Потребата од посовремен и поголем Клинички центар во Македонија се гледа особено сега за време на пандемијата. Но, решавање на ова прашање се одолговлечи. До кога?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има подготвен проект за побрзо и поевтино решавање на проблемот. Наместо да се гради сосема нов и прескап Клинички центар да се изврши реновирање на постојниот, поврзување на веќе постоечки објекти со доградби и создавање на три регионални клинички болници, е предлог на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој синоќа при настапот на ТВ Алфа рече дека вака конципираниот проект ќе ги задоволи потребите на граѓаните и ќе биде многу поевтин од намерата на Владата да се гради сосема нов клинички центар на периферијата на Скопје кој треба да чини околу 500 милиони евра.

– Нашиот предлог е да го реновираме постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“, потоа да изградиме една зграда којашто ќе биде пред приватната болница „Жан Митрев“, и потоа би ја поврзале болницата „Букурешт“ и „8-ми Септември“ односно стара воена болница, и тоа да стане Ургентен клинички центар, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи и дека на сето тоа би се надоврзало правење на тетовската, битолската и штипската да станат универзитетски клинички болници.

-Сето тоа би било многу поевтино и попрактично, истакна Микоски. 

За ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ разговарал со премиерот Заев на последната средба, и како што ќе истакнато Заев побарал да го види проектот. Мицкоски потврди дека му го испратил.

Додека чека одговор Мицкоски реторички прашува: „ве охрабрувам да истражите дали некој можеби се обидува да ги продаде болницата „Букурешт“ и „8-ми Септември““.

Инаку, познато е, во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ предложи изградба на нов Клинички цнетар во кругот на постоечкиот комплес, а кој требаше да чини 72 милиони евра.

Неодамна, откако ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент најави дека со 2.000 амандамни ќе го блокира предлогот на законот за новиот клинички центар бидејќи не се согласува со тој скап проект и се сомнева во корупција, премиерот Заев и понуди на опозицијата да има контрола врз тој проект.

Претходна вестКои скопски општини лани го зголемиле бројот на вработени, а кои го намалиле…
Следна вестДо паркот „Авионче“ во Аеродром ќе треба ли да одиме со авионче?