Мицкоски: Нема да почитуваме едностран договор со Бугарија потпишан од политичкиот бегалец Заев

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт нема да го почитува договорот кој евентуално ќе го постигне актуелната влада на премиерот во оставка Зоран Заев. Ова синоќа го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на ТВ Алсат М. 

-Мојата порака и до бугарскиот претседател Румен Радев и до бугарската влада е дека овој едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, нема намера да го почитува. Затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме, потенцира Мицкоски.

Во интервјуто тој истакна дека предвремени парламентарни избори се потребни затоа што системот е трул и нефункционален, а колку подолго останува оваа коалиција на власт, толку повеќе ќе губи народот.

-Потребни се брзи предвремени парламентарни избори и сега како што е состојбата нема да има за македонските граѓани ништо што е ново и креативно, така што колку подолго е оваа власт останува таму каде што е би рекол некредибилна, толку повеќе ќе губат македонските граѓани, истакна лидерот на ВМРо-ДПМНЕ.

Претходна вестДимитров веќе нема да прославува недобиени „датуми“
Следна вестМицкоски со Ставревски и Шамбевски ќе ја надгледуваат реализацијата на 14.835 ветени локални проекти