Мицкоски: Немам намера да поднесам оставка, а Владата ќе падне пред крајот на мандатот

По изборот на новата влада се огласи и опозиционерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев, порача тој на сите оние иницираат промена на врвот на партијата.

Тој објасни дека не затекнале партија од 450 илјади гласови, туку поделена, игнорирана од меѓународната заедница, атакувана партија, чиј имот поради притисок беше и уште е незаконски замрзнат.

-И беше тешко. Многу внатрешни удари кои ги лепевме, правевме компромиси. Стигнавме до овде. Зло како оваа влада не се руши одеднаш туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. Ако ме прашувате каква иднина нè чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина, истакна Мицкоски.

Тој порачува дека додека е жив ќе се бори против оние кои му служат исклучиво на Заев за да си го заштитат својот криминал.

Претходна вестБорисов брзо го потсети Заев на нивниот договор, историско-образовните прашања…
Следна вестТројца повредени во судар на мопед и автомобил