Мицкоски отиде до Будимпешта, доби поддршка од Орбан за локалните избори

Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Александар Николоски денеска се сретнаа со унгарскиот премиер и претседател на владејачката партија Фидес, Виктор Орбан во Будимпешта во манастирот „Кармелито“, кој е и седиште на унгарскиот премиер.

Една од темите на состанокот, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, била справувањето со ковид-кризата, која претставува заеднички предизвик на државите од Европа, при што Мицкоски ја потенцирал потребата од поддршка и отворена соработка, со оглед на фактот што Македонија е една од земјите која досега има најголеми последици од оваа пандемија.

Орбан на средбата истакнал дека Унгарија го поддржува приемот на Македонија во Европската Унија и дека земјата треба да биде активен учесник на следните конференции за иднината на Европа.

Од кабинетот на Орбан велат дека унгарскиот премиер изразил поддршка за раководството на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори во Македонија.

Претходна вестДвајца скопјани фатени при шверц на мигранти
Следна вестГлигоров е новиот тренер на Вардар