Мизрахи го најави стартот на Анкетната комисија: Вистината за скандалот на Онкологија ќе ја извадиме на видело, каква и таа да е!

Порачувам дека вистината за Клиниката за Онкологија ќе ја извадиме вистината на видело, каква и таа да е, изјави денеска Рашела Мизрахи, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која е претседател на Анкетната комисија формирана од Собранието.

– Во текот на вчерашниот ден беше изгласана одлука за избор на членови и заменици членови на комисијата, а денеска предмалку, официјално од страна на Генералниот секретар се назначени и собраниските соработници и службеници кои ќе бидат дел од оваа Анкетна комисија, со што целосно се исполнија условите за почеток со работа на оваа Анкетна комисија, изјави Мизрахи.

Таа исто така информираше дека согласно одлуката, комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, дали со скандалот се загрозени основите човекови права на пациентите коишто се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат за цел да поведат постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции и спречување понатамошна злоупотреба, но и системски подобрувања на дефектите во таа клиника и целокупниот здравствен систем.

На новинарското прашање дали доколку се потврди политичка одговорност, ќе се бара и друг вид на одговорност од страна на Анкетната комисија и дали во комисијата ќе бидат инволвирани сегашни и поранешни директори на онкологија како и други функционери, Мизрахи рече дека сите релевантни институции функционери секако ќе бидат повикани на разговор доколку одлучи комисијата такво нешто.

-Во оваа држава лекувањето се сведе на СМС-пораки и донации собирани по социјалните медиуми. А со аферата на онкологија се стави црна дамка на сите бели мантили во државата. Па поради гревови на поединци или групи гори и сувото покрај суровото, рече Мизрахи.

Претходна вестСопругот на пратеничка на ДУИ има ново работно место, ќе добива речиси 1200 евра плата
Следна вестЌе запрат ли партиските вработувања: Со закон ќе мора да се вработи прворангираниот на конкурс