Во вторникот, во утринските часови било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат М.Ш.(27) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.