Млад скопјанец избоден со нож во Бутел

Дваесет и едногодишно момче вчера било избодено со нож во скопската населба Бутел.

На нападот претходеле расправии меѓу момчето и двете лица кои вчера го нападнале, велат од МВР.

Момчето е хоспитализирано во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид извршила полициска екипа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестТатко се обидел да ја убие својата ќерка во Призрен, ја застрелал три пати
Следна вестЗапленета дрога вредна околу шест милиони евра