Млад скопјанец тешко повреден на „Стража“

Скопјанец на возраст од 22 години е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера на превојто „Стража“, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 4 јули 2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38-годишната С.Г. од Охрид, удрило во 22-годишниот пешак Б.П. од Скопје“.

-Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.

Претходна вестСунак поднесе оставка од функциите премиер и лидер на Конзервативната партија
Следна вестМицкоски на Самитот на НАТО оди со тројца министри