Вчеравечер, 28-годишна жителка на Прилеп пријавила во полиција дека пред неколку дена, доцна навечер, била ограбена во скопската населба Аеродром.
-На 13.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.