Младинците на Канатларовски победија против Малта

Македонскта репрезентација до 21 година денеска одработи последен контролен тест во подготовките за квалификациите за Европско првенство, а истиот мина навистина успешно за избраниците на Драган Канатларовски.

Цапар се израдува на голема победа на својот тим кој делуваше навистина убедливо на теренот во ФФМ, игра со која Малта едноставно немаше никаква шанса за поволен резултат на „Петар Милошевски“.

Младите фудбалери наметнаа силно темпо уште од самиот старт на натпреварот и агресивниот пристап донесе гол уште во десеттата минута, кога Хамза Рамани погоди за 1:0.

Loading…
Шест минути подоцна, мрежата на гостите се тресеше по вторпат и Димитар Тодоровски беше стрелец на погодокот, кој беше само најава за убедливата победа која беше потврдена во продолжение.

Македонија продолжи во ист ритам и во вторите 45 минути, во кои Андреј Стојчевски и Луан Абази погодија за конечни 4:0 во Скопје.

Претходна вестДве лица уапсени за поседување дрога во Скопје
Следна вестСончево со малку облаци