Младинската школа на ФК Вардар доби нов дом

Промоција на новиот терен на младинско-пионерската школа на фудбалскиот клуб Вардар, „Кирил Симоновски – Џина“ се одржа синоќа во скопската општина Аеродром. Фудбалскиот терен се наоѓа до СЦ „Јане Сандански“ и ќе биде база врз која целосно ќе се потпира функционирањето на клубот во иднина.

Во соопштението на ФК Вардар се наведува дека се работи за историски успех.

-Успехот е историски, а најважно од се е тоа што ова е сепак само почеток на сето она што како клуб имаме во план да го направиме. Нашите млади таленти се приоритет на нашата борба и база врз која целосно ќе се потпира функционирањето на клубот во иднина. Веруваме дека на тој начин, најдобро ќе го афирмираме пред се ФК Вардар, а секако и македонскиот фудбал. Упатуваме голема благодарност до сите кои вчера присуствуваа на свеченото отворање, кои ја препознаа нашата борба и кои застанаа заедно со нас, во одбраната на клубот на народот. Нека овој проект донесе многу спортски успеси и нека биде ова уште еден расадник на таленти кои утре гордо ќе го носат дресот на големиот Вардар и достоинствено ќе ги бранат црвено-црните бои, стои во соопштението на Вардар.

Претходна вестЛевица: Директорка на училиште ги тера вработените да го измијат нејзиниот приватен автомобил
Следна вестПротест на здравствените работници: Во буџетот на здравство нема пари, но за покачувањето на нашите плати има во централниот буџет