Младите македонски кошаркари станаа европски прваци во Б-дивизијата

Македонската кошарка го освои првиот златен медал откако младинската репрезентација триумфираше на Европското првенство од Б-дивизијата, што се играше во Скопје. Во синоќешното финале беше совладана Австрија со 98:88, со што македонскките кошаркари до 18 години го завршија првенството без пораз.

Покрај титулата, кошаркарите за награда добиваат и пласман во елитната А-дивизија и настап на следното Европско првенство во Србија.

Македонија одигра осум натпревари на првенството во Скопје и оствари совршен скор од осум победи. Низата беше заокружена во финалето, во кое македонските кошаркари уште на полувремето имаа предност од 13 поени. Никола Јаничиќ постигна 30 коша и потоа беше прогласен за најдобар играч на првенството во изборот на селекторите на земјите-учеснички.

Покрај Јаничиќ, во идеалната петорка на првенството влезе и Марко Луканоски.

Претходна вестЕден полициски и еден српски хеликоптер од утрово гаснат пожар кај Охрид
Следна вестКурти во работна посета на Македонија