Младо момче се удави во базен

Вчера во 15.23 часот во СВР Штип, Д.П.(38) од Виница, пријавил дека во базен од куќа сопственост на Р.Б. на ул.„Маршал Тито“ во Виница го пронашол удавен П.З.(28) од Виница.

Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Виница телото било извадено, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош Виница, при што не биле констатирани траги на насилство.

Телото на починатиот било предадено на семејството.

Претходна вестЕдно лице починало друго е тешко рането при масовна тепачка во Прилеп
Следна вестЗаев: Заводот за статистика ќе го спроведе пописот во април 2021