МНР ќе проверува што сакала да каже португалската државна секретарка за македонскиот јазик

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на толкувањето за македонскиот јазик во португалскиот предлог и ќе даде свој коментар, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој го повтори ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решение. Според него, португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни.

– Веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе провериме денеска преку стручните служби од МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста, рече Заев на новинарско прашање дали по денешната изјава на Закаријаш се уште смета дека португалскиот предлог е добра основа за решение со Бугарија.

Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека по парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе се најде решение за бугарското вето и за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Дел од медимите пренесоа и дека изјавила оти во минатото македонскиот јазик бил дел од бугарскиот јазик.

Претходна вестСамо шест нови заразени во 24 часа
Следна вестВладата размислува законот за еколошката такса да го прати во Собрание со европско знаме