Мобилизација во Израел: Еден загинат и повеќе повредени во терористички напад во Тел Авив

Израел соопшти дека мобилизира полиција и воени резервисти за да се спротивстави на бранот палестински напади во кои загинаа три лица, вклучително и еден италијански турист, на Западниот Брег и во Тел Авив во петокот.

Според информациите, маж со автомобил налетал на пешаци во Тел Авив при што убил еден и ранил седум други, а осомничениот терорист е „неутрализиран“.

По нападот терористот излегол од возилото и се обидел да пука во полицајците, но му се заглавило оружјето, па полицијата успеала да го совлада и убие. Полицијата констатирала и дека автомобилот се превртел.

Наводно, осомничениот е израелски државјанин од Кафр Касим, 45-годишниот Јусеф Абу Џабер, кој работи во Тел Авив.

Потврдена е смртта на 30-годишен маж, за кој се претпоставува дека е италијански државјанин, а покрај него, во болница се пренесени уште три лица кои биле удрени од возилото.

Наводно, уште четири повредени лица се вратиле во нивниот хотел.

МДА соопшти дека сите жртви се туристи, а лицето кое е убиено во нападот е идентификувано како Алесандро Фарини, 35-годишен турист од Италија, додека британски и италијански државјани се повредени.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската полиција да го мобилизира целиот свој персонал, вклучително и граничната полиција, како и дополнителни безбедносни сили. Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат упатствата на безбедносните сили во овој период на ескалација на насилството.

Се наведува дека осомничениот терорист е Палестинец од Западниот Брег кој го украл автомобилот користен во нападот.

Насилството се интензивираше на почетокот на неделата кога полицијата се судри со Палестинците во џамијата Ал-Акса, а израелската армија го нападна Појасот Газа и Либан по ракетниот истрел за кој се обвинуваат палестинските екстремистички организации.

Во одделен вооружен напад, две израелски сестри кои исто така имаа британско државјанство беа убиени во близина на еврејска населба на окупираниот Западен Брег.

Фото: Макфакс

Претходна вестПрвиот ден од викендот ги опушти возачите: Од 197 казнети, 93 возеле пребрзо
Следна вестПритворен 20-годишен скопјанец, осомничен е дека крадел од автомобили