Руските истражувачи соопштија дека ја модифицирале вакцината против корона вирус „Спутник В“, која се користи повеќе од една година, за употреба против позаразниот делта-сој на вирусот.
И другите произведувачи во светот веќе работат на измени на своите вакцини за да бидат поефикасни во борбата против делта-варијантата.
Истовремено, руските научници се залагаат за употреба на „спутник лајт“, како трета доза за оние што примиле две дози од „Фајзер/Бионтек“.
Според официјалните податоци, досега во Русија се вакцинирани 41,5 милиони луѓе, или 28,4 проценти од населението, од кои 33,5 милиони двапати, што значи 22,9 проценти се целосно вакцинирани.
Европската Унија сè уште работи на одобрување за „сСпутник В“ и во повеќе наврати ја критикуваше Русија дека не обезбедила доволно податоци за да придонесе за одобрување на вакцината на ниво на ЕУ.
Сепак, земјите од ЕУ можат индивидуално да одлучат за употреба на „Спутник В“, како што го направи тоа Унгарија, додека во Германија оваа вакцина не се признава.