Моето име е Џо Бајден и сакам сладолед, рече американскиот претседател пред да заборува за масакрот во училиштето

Американскиот претседател, Џо Бајден, се пошегува дека се појавил во Белата куќа само затоа што слушнал дека ќе има сладолед. Ова негова шега беше негативно прифатена од американската јавност со оглед на инцидентот кој се случи само неколку часа предходно во кој беа убиени 6 лица.

– Моето име е Џо Бајден. Јас сум сопруг на д-р Џил Бајден. И сакам сладолед, со чоколадни парчиња. Дојдов тука затоа што слушнав дека има сладолед од чоколадо. Инаку, горе имам полн фрижидер, рече претседателот на собирот на жени претприемачи.

Бајден потоа сериозно се заозбили и се осврна на пукањето во училиштето Ковенант, во кое загинаа тројца ученици и тројца членови на персоналот, нарекувајќи го злосторството „болно“ и негов „најлош кошмар, пред уште еднаш да го повика Конгресот да донесе забрана за оружје.

Корисниците на Твитер не го прифатија хуморот на Бајден, туку го критикуваа со оглед дека не е време за вакви шеги.

Претходна вестОбвинителството ќе испитува како се избрани фирмите што ќе наплатат 22,3 милиони евра за надзор на изградбата на автопатишта
Следна вестКовачевски пазаруваше а граѓаните му порачуваа: „Цените се до плафон, не е мерка два денара поевтини макарони и денар јајца…!