Од синоќа од 19 часот преку системот „Мој Термин“ сите заинтересирани граѓани кои припаѓаат на првата група за вакцинација можат да закажат.
Вакцинацијата ќе се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата.
Според податоците на Министерството за здравство, до крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини, а досега закажани се 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст.
Од утре ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес,Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци, а од петок ќе започне вакцинацијата во Тетово,Струга,Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.
Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар на секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спроведува вакцинација.