Момче вчеравечер било изборено со нож во влез од зграда во скопската населба Аеродром.
-Денес во 00.10 часот во полициска станица од страна на болницата „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки повреди бил донесен 20-годишниот Ј.П. од Скопје. Според пријавеното, со повредите се здобил во зграда на подрачјето на општина Аеродром, каде бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, велат во МВР.