Момче од Италија претепано на Бит Пазар

Италијански државјанин бил најден претепан на подрачјето на Бит Пазар. При нападот бил користен и остар предмет.

– Вчера (22.11.2023) во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итна медицинска помош било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар со повреди бил пронајден Ф.Р.(23) од Италија.Тој на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно влегол во нивното возило, инфрмираат од МВР.

Како што е пријавено, при нападот тие употребиле и остар предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестНаучна конференција „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“
Следна вестСтудентски отпор: Студентите од „Пелагонија“ со недели немаат топла вода