Моментално нема опасни пожари во Македонија, синоќа се локализирани сите 10

Откако синоќа беше запалено стрниште крај автопатот Гостивар-Тетово, со сериозна опасност да се прошири пожарот, од Центарот за управување со кризи информираат дека било брзо интервенирано и за еден час бил изгаснат.

Во текот на изминатите 24 часа изгаснати се уште девет други пожари во селата Смесница, Горно Оризари во Чучер Сандево, потоа во градската депонија во Крушево, помеѓу Богомила и Гостиражни, како и во селото Требош према Џепчиште.

– Пожар на запалена печка и кровна конструкција на објект во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“ (Технолошко индустриска развојна зона – Штип). Во период од 10:10 до 11:15 часот интервенирале 4 пожарникари со 2 возила. Како последица од пожарот во Клиничка болница Штип се примени двајца пациенти со телесни повреди. Локализиран е и пожар од запалено ѓубриште кај Туш Маркет во Куманово. Во период од 20:00 до 20:45 часот, интервенирале 3 пожарникари со 1 возило, велат од Центарот за управување со кризи.

Под контрола се ставени и пожарите на автопатот Куманово – Скопје во близина на патарината кај Романовце, како и тој во село Радибуш, општина Ранковце.

Претходна вестБитка за градоначалници во Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за Совет на општина Тетово: Сите гласачки места отворени во 7 часот
Следна вестКому му нема спас, на 100 македонски научници или на Пендаровски?