МОН бара да се утврдат причините за грешките во учебниците, после ќе решат што ќе прават со нив

Започнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за 5-то одделение, сопшти денеска Министерство за образование. Тоа од Националната комисија за учебници да ги утврди причините за грешките во учебниците .

-Побарани се информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување, се наведува во соопштението.

МНО укажува дека е недозволиво да се случуваат ваквите пропусти во време кога во Македонија се случуваат најкрупните образовни реформи досега.

-Упатуваме апел до сите автори и рецензенти кои во иднина ќе учествуваат во постапки за изработка на учебници и наставни помагала, како и до Бирото за развој на образование и членовите на Националната комисија за учебници, да ја подигнат личната одговорност и посветеност, затоа што во овие прилично комплексни процеси, тоа од нив единствено и се очекува, потенцирааат од МОН.

Претходна вестДачиќ: Имаме цврсти гаранции од петте членки на ЕУ кои не го признаа Косово дека нема да го променат ставот
Следна вестМЗТ на мегдан со Задар