МОН: Се работи на оптимизација на платформата за настава

Во тек се тестирањата на единствената Национална платформа преку којашто ќе се одвива наставата од далечина од први октомври годинава, соопшти денеска Министерство за образование по денешните реакции дека има блокада на Платформата која треба да стартува на 1 октомври.

-Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици.  Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови се наведува во соопштението во кое се додава дека се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата.

Повеќе ученици кои ги добија лозинките утринава не можеа да влезат во Националната платформа и дбиваа известувања дека се случила „грешка“.

Претходна вестЧетири пациенти починале од вирусот, новозаразени се 48 лица
Следна вестСпасовски: Зголемените контроли ги намалија сообраќајните несреќи