Монтирале фотки од соученички и ги исмевале, поведена постапка против 6 деца во Кавадарци

Шест деца се под истрага во Кавадарци. Имено, основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело, кое е санкционирано како злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено презеле приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници со цел да ги навредат и исмеваат и да му нанесат штета на угледот на оштетените, соопшти Обвинителството.

Претходна вестРакометарите на Алкалоид подобри од Нексе во контролен натпревар
Следна вестОсуден поранешен косовски министер, доделил дополнителни средства на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопат кон Македонија