Мора да ја одбраниме историјата: 75 години од Институтот за историја на Филозофскиот факултет

Голем јубилеј на Катедрата-Институтот по историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Имено, со тркалезна маса на тема „Историјата и предизвиците на промените“ Институтот за историја на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера ја одбележа 75-годишнина од своето постоење. Оваа катедра ги создаде стотиците и стотиците историчари во Македонија.

По повод годишнината, на тркалезната маса со свои научни трудови настапија повеќе актуелни и поранешни македонски професори – историчари кои образуваат генерации на студенити на оваа високообразовна институција. Меѓу историчарите кои ги претставија своите трудови беше и познатиот професор од оваа катедра, Михајло Миновски, кој зборуваше на тема “Македоската историска наука во услови на триесет годишна „војна“ на ЕУ за деноминација на македонскиот народ и бришење на македонската историја“, свое излагање имал и професорот Александар Атанасовски, со темата „(Зло)употреба на историјата за политички цели, примерот на Св. Кирил и Методиј“.

Професорката Виолета Ачковска на Фејсбук објави фотографии од овој настан при што напиша дека на собирот се бранела историјата.

75 години Институт за историја на Филозофскиот факултет. Средба  меѓу колеги, навраќање на најважните моменти од развојот на историското образование. Каде бевме, каде сме сега? Од сите дискусии остана ставот дека мора да ја одбраниме историјата, бидејќи без неа ќе го нема и македонскиот народ, напиша Ачковска.

Поздрави зборови и честитки за значајниот јубилеј упатија ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски и деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев.

Претходна вестИма ли во општина Центар план што да се прави со урбанистичкиот план за „Треска“?
Следна вестПетровска: Нашата безбедност е гарантирана, ние сме солидарни со Украинците