Мораше ли цените на катастарските услуги рапидно да пораснат?

Скапотијата ги притиска македонските граѓани. Цените растат, платежната моќ е мала. Владата со месеци уверува дека прави се за да се помогне на граќаните, дека ги зауздува цените…

Ама еве деновиве беше соопштено за уште еден голем раст на цените. Имено, просечно поскапување е за 200 отсто, а некои надоместоци се повисоки и до 300 проценти по драстичното поскапување на катастратските услуги. Ова настана по корекцијата на цените во Тарифникот на Агенцијата за Катастар, а за што амин неодамна дала Владата.

Сега, на пример, веќе нема да биде можно во еден имотен лист да се внесат станот, земјиштето, заедничките простории, гаража туку за секој имот ќе треба да се добие посебен имотел лист кој ќе чини 250 денари, но при првиот упис ќе чини 1.250 денари. Односно, она што до скора се плаќало по 1.250 денари сега ќе чини најмалку 3.750 денари, ако не и повеќе.  

Поскапеа и геодетски елаборати, па сега нивна најниска цена е 5.626 денари па до највисоките 16.917 денари, цената по квадратен или должен метар се наплаќа плус и се движи од 4 до 40 днеари, зависно од тоа за каков објект се работи. Па, така, за премер на празна катастарска парцела во функција на запишување во катастар на недвижнина надоместот порасна на 7.850 денари по квадратен метар, а до пред некој ден беше 3.940 денари... .

Енормно покажување на цените. Неопходно ли беше ова?

Вакво зголемување на цените Агенцијата за Катастар го објасни со зголемените реални трошоци:

-Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години, последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес, изјавија АКН за МИА.

Дали е ова навистина издржано објаснување со кое се правда поскапување од 200, 300 проценти? Да, нема дилеми дека последниве години се имаше инфлација, дека цените на струјата, на горивата, лиценците, платите… растеа, но дали до таму за да се побара и добие току големо покачување?

И мораше ли сега да се прави расцепкување на имотните листови? Имотите кои биле впишувани на еден имотен лист, сега ќе имаат посебни листови, секој со полна цена. Која е причина за ова, дали само собирање на нови такси или навистина тоа ќе помогне во ефикасноста на Агенцијата за Катастар?

Мора да се преиспита ценовникот. Не е доцна за тоа, иако Владата требала претходно трипати да се премери за да еднаш се пресече со цените.

Претходна вестТошковски: Брисел нема да прави проблем за старите пасоши, ама ДУИ и СДСМ не сакаат да стиснат копче
Следна вестАнгеловски: Посакувам во Германија да одиграме како против ПИК Сегед