Home АКТУЕЛНО Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи, најмногу смртни случаи во јануари

Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи, најмногу смртни случаи во јануари

0
Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи, најмногу смртни случаи во јануари

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20.187 и е намален за 10,1 отсто во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10.640 или 52,7 отсто од вкупно умрените лица.

Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 0,1 отсто на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во јануари (1.976).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72,1 години, односно 76,5 години кај лицата од женски пол или за 4,4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра И00-И99), и тоа 43,8 проценти случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра, Ц00-Д48) со 18,6 отсто, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7,2 отсто, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4,7 проценти и следат останатите, но со помала застапеност.