Москва нападната од украински дронови, едно лице повредено

Едно лице е повредено во руската престолнина Москва по нападот од украински дронови што се случи рано утринава. Според првичните информации има оштетени згради, а летовите на аеродромот Внуково се прекинати, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на официјални извори.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздух над областа Одинцово, а уште две се урнале во Москва, пренесува ТАСС.

Едно лице е повредено во експлозијата во зградата, јави ТАСС, повикувајќи се на итните служби. Аеродромот е затворен за пристигнувања и полетувања, соопшти агенцијата. Градоначалникот Сергеј Собјанин претходно изјави дека фасадите на две деловни згради се оштетени, но дека нема жртви, пренесува ТАСС.

Украинската влада не одговори веднаш на барањето за коментар. Русија во понеделникот соопшти дека жестоко ќе возврати на Украина откако два беспилотни летала оштетија згради во Москва, со еден напад во близина на зграда каде војската одржува брифинзи за, како што Русија ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина.

Претходна вестИзгаснати пожарите кај Неготино и во демиркаписко, ноќеска горело и на 17 помали локации
Следна вестКазнети 171 возач во Скопје, секој втор возел пребрзо