Топлото време и во овој период донесе зголемена фрекфенција на мотоциклистите на скопските сообраќајници. А со тоа дојде и зголемен број на прекршоци што ги прави оваа категорија на учесници во сообраќајот. Тоа го покажа и вчерашната контрола кога полицијата изрече санкции за 36 мотоциклисти.
Инаку, на територија на град Скопје изречени се вкупно 271 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции.
Имало и 26 мерки за возење без возачка дозвола како и девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
-Изречени се седум санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, осум мерки за некористење сигурносен појас…, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.