Проверка на попишувачите со ПЦР тестови е тешко да изведе, бидејќи треба секојдневно да се тестираат сите 6.000 попишувачи, да се чекаат резултатите, па потоа да се оди на терен, но што се однесува до вакцинирање на попишувачите тоа може да се направи и ако е потребно и би се согласиле да се одложи попишувањето на терен за краток период за да се спроведе нивната вакцинација.
Ова денеска го изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашње, како ќе се осигураме дека некој од попишувачите нема ковид.
– Би бил многу среќен сите учесници и сите граѓани да се вакцинираат, меѓутоа знаеме дека во моментов не е возможно. Ако може да се организира брз процес на вакцинирање, бидејќи треба околу 6.000 лица да се вакцинираат, јас ќе бидам пресреќен и ако заради тоа се донесе одлука на пролонгирање на извесен краток период за отпочнувањето на пописот не би правел пробелм, но во моментов Пописот почнува на 1 април и не можеме да одиме со претпоставки. Никој не може да ја предвиди и најблиската иднина во ваков сучај и каков ќе биде момент кога ќе се донесе одлука. Ако за тоа постојат услови веројатно можеби, но не сме ние тие што ја носиме таа одлука, има процедура што оди малку поинаку, рече Симовски.