Педесет и пет годишниот велешанец со иницијали Д.Д. ќе одговара кривично, откако пробал на брат му, којшто издржува казна во велешкиот затвор да му достави две пакетчиња хероин. Полициските службеници го фатиле на дело и го уапсиле.
– На 20.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д.(52) од Велес. Во пакетот кој го доставил на неговиот брат А.Д.(45) од Велес, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа – Отворено одделение Велес, затворските службеници пронашле и одзеле две пакувања со хероин, изјави портпаролот на СВР Велес, Ристо Самарџиев.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.