Муцунски ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ во Тирана

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе земе учество на состанокот на Министри на надворешни работи на Централно европска иницијатива (ЦЕИ) кој во рамки на албанското претседавање со иницијативата се одржува денес во Тирана.

Фокусот на темите на состанокот ќе биде ставен на ЕУ проширувањето во новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на меѓународната безбедност и стабилност.

За време на министерскиот состанок се очекува да биде усвоена Заедничка изјва од страна на сите министри на земјите членки на ЦЕИ, потврда за изборот на нов Генерален секретар на ЦЕИ и утврдување на следната земја претседавач со иницијативата – Република Србија.

Претходна вестСДСМ: Наместо честитка од ВМРО-ДПМНЕ за историскиот успех на Шекеринска, добивме тишина
Следна вестВработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во еден мандат, велат од ВМРО-ДПМНЕ