Муцунски најави дека државната химна ќе се изведува и пред секој кошаркарски натпревар

На натпреварите во домашната македонска кошаркарска лига ќе им претходи изведување на македонската државна химна. Ова вчера го најави градоначалник на скопската општина Аеродром Тимчо Муцунски каде веќе е воведена пракса секој понеделник во основните училишта да се интонира химна пред постороените ученици.

Со интонирање на химната, вчера започна и натпреварот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и кошаркарскиот клуб Гостивар.

-Драго ми што идејата за интонирање на химната во училиштата, предизвика позитивен интерес и доби масовна поддршка од јавноста. Благодарам за поддршката во напорите да го поттикнеме и зајакнеме националното чувство кај младите аеродромци. Според информациите кои јас ги имам отсега сите натпревари во домашната лига ќе започнуваат со македонската химна. Ја поздравувам и поддржувам оваа одлична идеја на Кошаркарската федерација на Македонија, објави Муцунски на социјалните мрежи.

 

 

Претходна вестСончево со локални дождови и грмежи
Следна вестСашко Кедев го освои и врвот на Маунт Чо Оју во Непал, висок 8.201 метри