Муцунски: Нашата држава има сериозен интерес од страна на администрацијата во доаѓање на САД

Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, во интервју за „Телма“ откри какви се плановите на владата во однос на посетата на САД и присуството на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

-Дефинитивно доаѓање на нова администрација на САД е значаен чин за нас, Мицкоски ќе ја предводи и нашата делегација таму, заедно со него ќе бидеме дел од многу формални и нефомални активности, како и самата инаугурација. Да ги афирмираме нашите позиции со администрацијата во доаѓање, да продолжиме да ги негуваме тие добри и лични односи кои премиерот, јас и други чинители во Владата. Исто така и да го потврдиме да го потврдиме и континуитетот којшто го очекуваме од американската надворешна политика, во однос на прашања поврзани со регионот, посветеноста кон европските европските интеграции, посветеноста кон НАТО алијансата, и сето она што за нас е значајно од гледна точка на европска и регионална безбедност и прашања кои како земја нас најмногу нè засегаат, рече Муцунски.

Тој се осврна и на средбите што ги имал со претставници на администрацијата, при неговата последна посета на САД минатиот месец.

За последната посета на Муцунски во САД тој изјави дека „имав средба со еден висок претставник на Стејт Департментот господин Јодер, кој таму имаше позиција одговорна за борба против корупција, меѓудругото во неговото портфолио беше опфатено и прашањето за “црните листи“, имав средба и со потпретседателот на Атлантскиот совет, господинот Кроник, којшто е значаен чинител во тин-тенк заедницата во САД. Имав средби со лица кои се дел од транзицијата на претседателот и сме внимателни некогаш во објавата на тие имиња поради доверливоста на работата и специфичноста која ја вршат, бидејќи се администрација во доаѓање“ додаде Муцунски.

-Предноста на американскиот систем е што транзицијата е институционализирана, и веќе станува јасно кои лица добиваат одредени транзиции и имате со кого да контактирате. Остварив јас средба со лица кои ќе извршуваат одредени позиции во администрацијата во доаѓање, и тоа беше за нас битно. Во однос на нашиот регион и нашата држава гледам сериозен позитивен интерес од страна на администрацијата во доаѓање, истакна Муцунски.

-Има потреба од засилување на меѓусебните трговски релации со САД, не само во делот на инвестициите туку и во делот на увоз-извоз портфолио на државата, и тука сметам со новата администрација посебно земајќи ја во предвид дека премиерот Мицкоски има лична близина со министерот за трговија, господинот Латник, тој беше и присутен во нашата земја пред неколку месеци. Што значи дека тука конкретно можеме да имаме едно позитивно поместување да направиме. Во делот на политчко безбедносниот аспект кој ни е значаен потребен ни е фокус и дополнителен стимул од САД за разбирање на предизвиците со кои се соочува регионот. Не потценувајќи дека и досега немало фокус, сметам дека сега релациите кои ги имаме како Влада заради поединците коишто се поставени на одредени високи позиции или кои очекуваме да бидат поставени на тие позиции во американскиот Стејт Департмент да се засили тој фокус кон нашиот регион. Ние тука имаме сериозна предност и да знаеме да ја искористиме, образложи Муцунски.

-Ние како држава имаме историска позиција во администрацијата во доаѓање, но умешноста е да го привлечете вниманието за да се добие тој заслужен фокус што ние како држава и регион го заслужуваме. Имаме прашања кои се од сериозен економски, политички и безбедносен карактер, изјави Муцунски.

Претходна вестМаските се запалија, заврши Вевчанскиот карневал
Следна вестГаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг