Муцунски: Сè уште е рано да се зборува за Украина во НАТО

Македонија има позитивен пристап кон политиката на отворени врати на НАТО за прием на нови членки, но во моментов е рано да се зборува за членство на Украина во Алијансата, изјави министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, коментирајќи ја иницијативата на Киев за членство на Украина во НАТО по забрзана процедура.

-Имаме позитивен пристап кон принципот на отворени врати, но тоа е одлука која се носи со консензус и за која треба да има подетална дискусија меѓу земјите-членки. Рано е да се зборува за тоа, изјавил Муцунски во Брисел, каде што учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Украина е главна тема на состанокот на Советот НАТО-Украина, на работната вечера во рамки на министерскиот состанок, на кој присуствуваше и шефот на украинската дипломатија Андриј Сибих.

Како што најави Муцунски, министрите на земјите-членки на НАТО ќе разговараат со Сибих и Калас за последните случувања поврзани со руската агресија врз Украина, чекорите преземени од Алијансата за помош, како и позициите на сојузниците во однос на спроведувањето на заклучоците од јулскиот самит во Вашингтон.

Претходна вест„Помисли двапати“ кампања на Интерпол за зголемување на свесноста и заштита од онлајн измами
Следна вестКостова: СДСМ цврсто против зголемување на старосната граница за пензионирање