Муцунски со грчката амбасадорка: Остануваме отворени за дијалог за унапредување на билатералните односи и сите прашања од заеднички интерес

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.

На средбата, Муцунски изрази уверување дека земјава е силно посветена на натамошно унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка со Грција, пред сѐ како НАТО партнери и сојузници.

-Наш интерес е градење добрососедски односи во функција на безбедност, стабилност и просперитет на Регионот. Земјава останува определена кон натамошно унапредување на билатералните односи, преку отворен дијалог за сите прашања од заемен интерес, а во функција на нејзино збогатување со нови содржини и во полза на просперитетот и благосостојбата на граѓаните од двете земји, нагласи Муцунски на средбата.

Соговорниците, според соопштението на МНРНТ, го реафирмираа интересот за интензивирање на економската соработка, дотолку повеќе што Грција е меѓу петте земји со кои Република Северна Македонија оствари најголем обем на трговска размена во изминатата година.

-На средбата изразив уверување дека остануваме силно посветени на натамошното унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка, пред се како партнери и сојузници во НАТО алијансата. Истакнав дека нашиот интерес е градење добрососедски односи кои се пред се во функција на просперитетот, безбедноста и стабилноста на регионот, а во таа насока потенцирав дека остануваме отворени за дијалог за унапредување на билатералните односи и сите прашања од заеднички интерес, напиша Муцунски на Фејсбук.

Претходна вестЗлате Мехмедовиќ од ЗНАМ ќе биде нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
Следна вестТричковски замина од АЕК, но останува на Кипар