Мукаетов: Да се игра за Македонија е светост, апелирам да го задржиме култот за играње во репрезентацијата

Со самиот пласман на СП 2023 направивме голем успех победувајќи. Ова го вели претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на денешната седница на Управниот одбор кој даде свое видување за настапот на машката репрезентација на Светското првенство во Полска.

– Со самиот пласман на СП 2023 направивме голем успех победувајќи во квалификациите тешки противници какви што се Романија и Чешка. Од друга страна на Мундијалот ја добивме најсилната група, во која Холандија влезе со вајлд-карта. Со Норвешка одигравме коректно, но Аргентина беше големо разочарување за сите нас. Во Президент Купот беше коректно, за младите беше големо искуство. На Президент купот резултатите беа задоволителни, изјави Мукаетов.

Првиот човек на РФМ со апел до сите кои ќе добијат повик да дојдат и да играат за националниот тим.

– Сите треба да знаат дека е чест и привилегија да се игра за сопствената држава. Да се игра за Македонија е светост. Затоа апелирам да го задржиме култот за играње во репрезентацијата. Лазаров, Миркуловски, Стоилов и со една нога играле за Македонија. Таков пристап очекувам и од сегашните и идните репрезентативци, а РФМ е тука да секогаш да дава поддршка, истакна Мукаетов.

УО при РФМ одлучи за пласман на ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Германија, ракометарите да добијат премија од два милиони денари.Македонските ракометари се со големи шанси да изборат учество на ЕП 2024.

Претходна вестНападнат сопственик на фабрика во Тетово
Следна вестИзмамничка нудела работни визи за Германија, измамила 8 лица, заработила 18.500 евра