Мукаетов најави повлекување од претседателската функција во РФМ

Македонскиот ракомет изминатиов период успешно е предводен од Живко Мукаетов, но актуелниот претседател на Ракометната федерација денеска најави дека нема да прифати нов мандат.

РФМ денеска одржува собрание на кое Мукаетов најави дека ќе се повлече од функцијата по крајот на актуелниот мандат.

Првиот човек на РФМ потенцираше дека нема да бара нов мандат изборното собрание следната 2025 година, па тоа ќе значи дека заминува од одговорната функција по повеќе од десет години.

Во периодот откако Мукаетов се најде на чело на РФМ, федерацијата дополнително ги подобри условите за националните тимови и организацијата на домашните шампионати, а нашата земја доби можност да организира и голем број европски и светски првенства во различни категории.

Успешниот бизнисмен го надгради она што го правеа неговите претходници и евентуалниот наследник ќе треба да ги задржи високите стандарди поставени од раководството предводено од Мукаетов.

Изборното собрание ќе се одржи во периодот меѓу 15 февруари и 1 март следната година.

Претходна вестНа стогодишнината од смртта на Тодор Александров, откриен споменик во штипско Ново Село
Следна вестСДСМ и ДУИ ги злоупотребуваат наставниците со организирање на партиски протест, велат од ВМРО-ДПМНЕ