Муртезани назначен за главен преговарач со Европската Унија

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на денешната владина седница беше назначен за главен преговарач со Европската Унија.

За заменик на Муртезани е назначена заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, соопштија од Министерството.

Владата го задолжи Министерството за европски прашања да подготви нова Одлука за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија.

Претходна вестПратениците го изгласаа Законот за заемот од 500 милиони евра од Унгарија
Следна вестВ петок, литија низ Скопје со копија на иконата на Богородица Троеручица