Муцунски ги послуша родителите и назначи в.д. директорка на ОУ „Лазо Ангеловски“

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска доби в.д. директорка – Магдалена Петревска, со што е разрешен досегашниот директор Перо Арсеновски, соопшти Општина Аеродром.

Со ова е разрешен проблемот кој со месеци се провлекува во најголемото училиште во Аеродром, бидејќи родители, но и вработени инсистираа Арсеновски да биде сменет поради обвинувања за вербални напади но и за сексуално вознемирување на мајки на ученици и на вработени жени.

Градоначалникот Тимчо Муцунски, како што информира Општината, „од етички и морални причини одбил повтрно да го именува иако Училишниот одбор го избрал, со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици“.

– За претходниот директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци. Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивниот правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар, соопшти Општина Аеродром.

Мандатот на Арсеновски заврши на 3 февруари, а тој беше еден од пријавените за нов директорски мандат.

Иако за Арсеновски има и времена мерка од граѓанскиот суд со забрана за приближување до пријавител на вознемирување како заштита од  можно родово насилство, тој се пријавил на конкурсот за избор на директор на ОУ „Лазо Ангеловски“. Се работи за судска мерка поднесена по пријава на поранешна вработена во училиштето чие Решение од Основниот суд со кое се изречени времени  мерки, а кое според Арсеновски е укинато од страна на Апелациониот суд Скопје.

Претходна вестВо Грција можеме без дополнителен ПЦР тест, ама Холандија ни воведе задолжителен карантин
Следна вестМал број тестирани, но секој четврти е позитивен – починале 21 лице