Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 44 мерки за недавање предност на пешаци, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возач почетник, шест мерки за возење под дејство на алкохол, 57 за непрописно паркирање.