Одбиена е донација од Бугарија на агрегати за струја на македонскиот граничен премин Деве Баир, соопшти „БНР“, повикувајќи се на информации од вработени на бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“. Агрегатите за струја беа ветени од министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев за време на чествувањето на Гоце Делчев во Скопје, откако стотина граѓани од Бугарија поради прекин на системот на границата не успеаја да влезат во нашата држава. Според БГНЕС, на граничниот премин Деве Баир одбиле да ги примат и место тоа ги поправиле своите.
-На македонската станица, каде струјата често престанува, како што беше случајот на 4 февруари, кога 4 часа немаше струја, а стотици Бугари не можеа да стигнат до Скопје на чествување на гробот на Гоце Делчев, го ремонтирале и ставиле во употреба стариот апарат.Министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев вети дека ќе биде испорачани генератори за за три македонски гранични точки за да не се создаваат проблеми во работата на екипите и сообраќајот со часови да запира, но тоа досега не се случило. На македонскиот граничен премин „Деве Баир“, каде што речиси секој ден неделава имаше прекин на струја, го ремонтираа и го стартуваа стариот апарат, изјавиле вработените на граничниот премин „Гуешево“.
Од друга страна во македонското МНР денеска соопштија дека се уште не постигнало договор според кој може да ја прими ветената донација од агрегати за струја.
-Согласно законските прописи без договор институцијата не може нит да прими нит да предаде донација. За секоја наша институција е така, а нивните прописи не ги знаеме, кратко информираа од полицијата за порталот „Локално“.